Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги повика организаторите на протестот во Белград да се воздржат од насилство и упади во државните институции и загрозување на безбедноста на луѓето, нагласувајќи дека полицијата тоа нема да го дозволи.
„Полицијата, како и секогаш, ќе се однесува воздржано за да не дојде до инциденти, но ги повикуваме сите да се воздржат од насилство. Нема да дозволиме упад во државните институции, загрозувајќи луѓе“, нагласи Дачиќ.
Тој рече дека денешната средба е најавена од пратениците на опозицијата предводена од Срѓан Миливојевиќ.