Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дали Лос Анџелес е жртва на глобалното затоплување

Минатата година беше најтоплата но, и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците.

Агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник (C3S) ги потврди претходните проекции дека 2024 година беше досега најтоплата на глобално ниво и прва календарска година во која просечната температура надмина 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа.

Научниците рекоа дека климатските промени предизвикани од човекот се примарен двигател на рекордните температури, додека други фактори како на пример временскиот феномен „Ел Нино“ во Тихиот Океан, исто така имаат глобални влијание врз зголемување на глобалните температури.

Анализата на Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, Универзитетот во Источна Англија и Националниот центар за атмосферска наука, исто така, покажа дека 2024 година била најтоплата досега и „веројатно“ првата година во која се надмина 1,5 Целзиусовиот степен.

Експертите за клима велат дека само една година со просечна температура од 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа не значи дека светот го достигнал тоа ниво на глобално затоплување, иако тие издадоа предупредувања за тоа колку сега е блиску.

Сепак, рекордната топлина треба да биде повик за будење, бидејќи само една година со екстремни временски услови покажа колку е опасен животот со затоплување од 1,5 степени Целзиусови, велат експертите.

Напорите за спречување на глобалното затоплување да надмине 1,5 °C над прединдустриските температури е една од клучните обврски на глобалниот Париски договор, што земјите го договорија во 2015 година, за да се спречат најопасните влијанија од климатските промени.

Анализата покажа дека глобалната просечна температура во 2024 година била 1,53 C над просекот од 1850-1900 година, со маргина на грешка од плус или минус 0,08 C, што значи дека 2024 година е веројатно првата календарска година во која се надмина 1,5 C. но, и 11-та последователна година во сериите на податоци со надминување од 1 C над прединдустриските нивоа.

Според анализите, температурите се проценуваат на 1,6 C над прединдустриските нивоа од 1850-1900 година и 0,12 Целзиусови степени над 2023 година – што беше претходната најтопла година досега.

Бројките покажуваат дека станува збор за досега, најтоплата година во Европа, со температури 1,47 Целзиусови над просекот за референтниот период 1991-2020 година.

Анализите исто така нагласуваат дека на глобално ниво, секоја од изминатите 10 години била една од најтоплите 10 години досега.

Саманта Бурџис, од Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег (ECMWF), кој го предводи C3S, рече: 

„Сега сме на работ да го преминеме нивото од 1,5 степени Целзиусови дефинирано во Парискиот договор и просекот за последните две години е веќе над ова ниво. Овие високи глобални температури, заедно со рекордното глобално ниво на водена пареа во атмосферата во 2024 година, значеа невидени топлотни бранови и обилни дождови, предизвикувајќи мизерија за милиони луѓе“, рече Бурџис..

Зачлени се на нашиот е-билтен