Дали печатите во пасошите ќе станат минато?

Додека на некои патници ќе им недостига собирањето марки, многумина планираат да ги надоместат своите спомени од патувањето со купување магнети за фрижидер или други сувенири.

Со воведувањето на нов систем за влез и излез во земјите од Европската Унија, рачното печатирање на пасошите би можело да стане минато.

Предавањето на вашиот пасош на граничен службеник и добивањето печат што го симболизира вашето пристигнување во нова земја наскоро би можело да биде минато.

Европската Унија (ЕУ) започна со имплементација на Системот за влез/излез (EES) во октомври 2025 година.

Станува збор за нова дигитална алатка што ги евидентира биометриските податоци, датумот на влез и излез на граѓаните на земјите надвор од ЕУ што патуваат во или од Шенген зоната.

Новиот систем за влез, меѓу другото, важи и за патниците од Македонија.

Системот треба да биде целосно имплементиран во април 2026 година, кога рачното печатирање на пасошите ќе биде заменето со дигитална верификација на документите.

На тој начин, процесот ќе биде поефикасен и побезбеден, а во исто време означува значителна промена во начинот на кој некои патници ги преминуваат европските граници.

Земји како Австралија, Јапонија и Канада веќе собираат биометриски податоци на граничните премини.

Соединетите Американски Држави објавија дека планираат да ги подобрат постојните системи.

Дигиталната обработка на податоци сè повеќе станува норма и би можела да стави крај на долгогодишниот ритуал за патување – собирање печати за пасоши.

„Печатирањето на пасоши датира од средниот век или ренесансата“, вели Патрик Биксби, професор на Државниот универзитет во Аризона.

„Восочните печати суверените владетели во Европа, ги ставале на писма за однесување. Тоа е еден вид почеток, или барем така мислам“, додава Биксби, кој е и автор на „Дозвола за патување: Културна историја на пасошите“.

Патничките документи и некои видови печати постојат со векови, но дури на почетокот на 20 век се појавиле формата на модерниот пасош.

По Првата светска војна, Лигата на народите помогна во формулирањето на стандардите за пасоши, бидејќи националните граници биле построго регулирани.

До 1950-тите, посовремената традиција на ставање печат во пасошите стана знак на мобилност и статус, затоа што светот влезе во „златно доба“ на патувањето бидејќи летовите станаа подостапни.

„Дури по Втората светска војна и повторното започнување на меѓународните патувања, печатите почнаа да ја добиваат сентименталната вредност што ја имаат сега“, истакнува професорот Биксби.

Контрола на пасоши на аеродромот и неколку патници со куфери Getty Images Потеклото на печатот што се користи за означување патувања преку граници датира од средниот век
Реакциите на патниците на потенцијалното исклучување на рачното печатење во пасошите се мешани.

„Навистина ќе ми недостига печатењето во пасошите. Печатите отсекогаш ми биле многу повеќе од само доказ за влез.“

„Тие беа мал симболичен знак на сеќавање на местата што ги посетив и земјите во кои патував“, вели Христина Набосни, жителка на Лондон.

Ел Буладо, писателка од Њујорк, размислува слично.

„Губењето на печатот во пасошот остава горчлив вкус во устата. Ја препознавам потребата од побрзи и поефикасни процеси, но добивањето печат отсекогаш се чувствувало како мало признание.“

„Тоа е доказ дека сте ја преминале линијата и сте стигнале некаде за кое претходно само би можеле да сонувате. Ќе ми недостига тој обичај“, вели таа.

За Жарка Радоја, новинарка на Би-Би-Си на српски јазик, бројот на печати во нејзиниот пасош обично го прави животот несреќен бидејќи мора да ги менува по пет или шест години, па затоа чекала во редови во полицијата почесто од повеќето други луѓе на Балканот.

Сепак, секој доказ за големи патувања во нив има сентиментална вредност и ќе биде невообичаено да се патува без можност, на пример, да се добие печат со пингвин од крајот на светот, вели таа.

Други, како Хорхе Салас-Гевара, размислуваат попрагматично.

Основачот на туристичката компанија „Њу Патс Експедишншнс“ е возбуден поради количината на време што ќе се заштеди со новите дигитализирани процедури.

„Поминувам околу 250 до 300 дена годишно на пат, постојано преминувајќи граници, па за луѓе како мене оваа промена е олеснување“, признава тој.

Додека на некои патници ќе им недостига собирањето марки, многумина планираат да ги надоместат своите спомени од патувањето со купување магнети за фрижидер или други сувенири.

Прсти од човечка рака на уред за дигитално скенирање на биометриски податоци Getty Images Новите програми како EES системот во ЕУ ќе им овозможат на патниците побрзо да поминат низ царина
Професорот Биксби верува дека секогаш ќе има нешто посебно во опипливиот запис за патување.

„Всушност, ова е за аналогно наспроти дигитално.“

„Има нешто во тоа да имате документ со вас дека сте биле таму, бидејќи создава еден вид аура околу физички објект што исчезнува кога сè ќе се дигитализира“, заклучува тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен