Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дали почна сезоната на лажни дојави за бомби?

Во СВР Скопје утринава е пријавено дека во фабрика во населбата Илинден е поставена експлозивна направа. По извршените проверки, констатирано е дека станува збор за лажна пријава.

Од МВР информираат дека екипи на СВР СКопје и на Единицата за антитероризам веднаш се упатиле во фабриката.

„По извршените проверки не е пронајдена експлозивната направа. Костатирано е дека станува збор за лажна пријава“,се вели во соопштението на МВР.

Според информациите на дел од медиумите, станува збор за фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона во населбата Илинден во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен