По периодот на очигледен мир што следеше по катастрофалниот земјотрес во Турција, тлото на Балканот повторно покажува знаци на активност. Синоќешниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала во близина на Тетово, кој се почувствува и во Косово и Србија, отвори клучно прашање: дали ова е само увертира за посилни сеизмички процеси кои може да следат?
Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ објаснува дека сеизмичката енергија никогаш не исчезнува, туку се движи низ геолошкиот простор и се акумулира во различни делови од Европа. „Сеизмичноста во еден момент се намали по оној голем земјотрес во Турција, но таа енергија се префрлила на други региони“, вели Радовановиќ, додавајќи дека западниот дел од Турција и околните земји бележат голем број на слаби земјотреси, а активноста во делови од Франција во последните денови е исто така необична.
Експертот особено ја истакнува невообичаената мирност на Балканот во последно време, што според искуството често претходи на посилни потреси. „Имавме многу послаби земјотреси во Турција, а практично никакви на Балканот. Но сега, со синоќешниот потрес, јасно се гледа дека сеизмичката енергија полека се акумулира и во нашето подрачје“, објаснува таа.
Радовановиќ укажува и на специфичностите на теренот, особено јужниот дел на Србија и границата со Македонија, нагласувајќи дека овие процеси се долги и ретко дозволуваат прецизно предвидување кога ќе се случи најсилниот потрес. Таа посочува дека современиот начин на живеење, особено изградбата на високи катови, ги прави луѓето поранливи и поосетливи на далечни земјотреси, што објаснува зошто потресот се почувствува во делови од Белград, како Звездара, Раковица и Нови Београд.
Нејзиниот заклучок е јасен: Балканот полека се враќа во својата активна сеизмичка фаза. „Земјотресите во Охрид, Албанија и во близина на Тетово застанаа некое време, но сега повторно стануваат активни. Треба да разбереме дека синоќешниот земјотрес е доказ дека сеизмичката енергија се акумулира и подготвува за идни активности“, заклучува Славица Радовановиќ.