Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Законот за локална самоуправа со кој ќе се отповикуваат градоначалници ќе стартува заедно со локалните избори

Законот за локална самоуправа ќе стартува со локалните избори кои треба да се одржат наесен. Главна поента е новото решение за непослушните градоначалници, да може да бидат отповикани на референдум.

Освен првата можност за отповик на градоначалник кој несовесно постапува или несовесно ја извршува својата функција, втората е да се воведе и препознае во Законот за локална самоуправа комуналниот редар, и третиот постулат е поголема вклученост на јавниот сектор затоа што на тој начин општините ќе можат да донесуваат позначајни и поиздржани решенија за граѓаните.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на прашањето дали општините започнале да ги спроведуваат проектите за кои добија пари од унгарскиот кредит, рече дека повеќе општини склучиле 200 договорите за кои треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, а само два ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми.

„Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи заради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми поврзани со јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и економска експанзија на целата територија“, рече Перински.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа втората консултативна средба во врска со измените на Законот за локална самоуправа на која учествуваат градоначалници и експерти кои ќе разговараат за можните решенија со кои ова законско решение во иднина треба да овозможи општините да им обезбеднат подобри и поквалитетни услуги на граѓаните.

Оваа среба е втора од четирите предвидени консултативни и јавни дебати, неопходни за да се направат предвидените законски измени со оглед на тоа дека постоечкиот Закон е постар од 20 години, ги издржал сите предизвици на времето и сега треба да се модернизира, усоврши и адаптирира согласно потребите и можностите на локалните самоуправи и на граѓаните.

Постоечкото законско решение е од 2002 година, се применува од 2005 година, како закон произлезен од Охридскиот договор.

Зачлени се на нашиот е-билтен