Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дарманин: Зголемена е заканата од тероризам во Франција на новогодишната ноќ

Засилено полициско присуство ќе има на улиците на Франција за да се одговори на заканата од тероризам на новогодишната ноќ, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за телевизијата БФМ.

„Како што знаете, Франција многу години, а особено во последните месеци, беше силно погодена од терористички закани“, рече Дарманин за телевизијата.

Тој рече дека побарал мобилизација на 90.000 полицајци, заедно со 5.000 војници и десетици илјади пожарникари.

Франција е под највисокото ниво на терористичка закана по смртоносниот напад врз наставник од страна на исламист во октомври. 

Терористички напад имаше и на почетокот на месецов, кога млад човек со нож избоде германски турист во Ајфеловата кула во Париз.

Минатата недела пет лица беа приведени за време на антитерористичка операција на истокот на земјата. 

Најново