Британската Влада го назначи Оливер Дауден за вицепремиер на местото на Доминик Раб, кој претходно денеска поднесе оставка по извештајот во кој се тврди дека малтретирал колеги.
Покрај тоа што беше вицепремиер, Раб беше и министер за правда. По неговата оставка, министерската функција ќе ја заземе пратеникот Алекс Чолк, соопштија од Владата.
Чок (46) претходно беше одговорен за набавки во одбраната во Министерството за одбрана, функција што ја извршуваше откако Риши Сунак стана премиер на Велика Британија во октомври минатата година.
Чок работел како адвокат 14 години пред да стане пратеник во 2015 година.