Дел од Радишани денеска ќе остана без вода

Без вода, денеска ќе бидат граѓаните кои живеат во скопската населба Радишани, на улиците „Бел Камен“ и „Скоевска“, како и дел од улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани. 

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 250 милиметри на улицата „Радишанска“ пред „Гиго Трејд“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бел Камен“ и „Скоевска“, како и од дел од улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани. 

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:50 часот до завршување на работните активности.

Зачлени се на нашиот е-билтен