Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Делегација на ЕУ во БиХ разочарана од неуспехот да се постигне компромис на политичките лидери во земјата

 Делегацијата на ЕУ во БиХ соопшти дека по вчерашната средба на политичките лидери на владејачката коалиција во Сараево била охрабрена од веста за можен напредок во однос на донесувањето на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, како и почеток на преговори за договор со Фронтекс, пренесе Бета.

-Од друга страна, разочарувачки е што не можеше да се постигне компромис во однос на седиштето на Апелациониот суд на БиХ. Клучниот приоритет 6 од Мислењето на Европската комисија ја нагласува потребата од подобрување на функционирањето на судството, вклучително и усвојувањето на новиот Закон за судови, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во БиХ.

Тие додаваат дека дискусијата била водена меѓу централата во Источно Сараево и Бања Лука.

-Во согласност со мислењето на Венецијанската комисија за ова прашање, ЕУ забележува дека при определувањето на седиштето треба да се земе предвид близината на клучните елементи како што се обвинителствата, притворските установи и воспитно-поправните установи, како и службите за правна помош, се вели во соопштението.

Се додава дека ЕУ не гледа причина политичките актери да инсистираат на Бања Лука наместо на Источно Сараево.

Претставниците на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), чиј лидер е Милорад Додик, побараа седиштето на Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина да биде во Бања Лука, додека претставниците на пробосанската коалиција „Тројка“ остана на ставот дека седиштето на тој оддел треба да биде во Источно Сараево. 

Зачлени се на нашиот е-билтен