Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Делегацијата на Бирото за јавна безбедност оствари средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ

На Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, што се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство, делегацијата на Бирото за јавна безбедност оствари средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси, на која беше потврден огромниот придонес кој нашата држава го дава за јакнење на меѓународната полициска соработка преку учество во активностите и иницијативите на ИНТЕРПОЛ, соопшти Министерство за внатрешни работи.

На средбата, како што е наведено во соопштението,  Ахмед Насер Ал-Раиси понудил отворена поддршка во име на Организацијата за јакнење на капацитетите на македонската полиција.

– Беа одржани и низа билатерални средби со делегациите од Австралија, Молдавија, Србија, Бразил и САД, на кои беа дискутирани актуелни прашања од заеднички интерес, во насока на брза и ефективна размена на информации и воспоставување на заеднички истраги во борбата против организираните криминални групи, финансискиот криминал, корупцијата и сајбер безбедноста. Македонската полиција со сигурност се доближува кон достигнување на високите стандарди на полициско работење,  се наведува во соопштениетот од МВР. 

Зачлени се на нашиот е-билтен