Британските легенди Delegation ќе настапат во Скопје на Златна Бубамара

Легендарната британска соул, фанк и диско група Delegation, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 70‑тите и 80‑тите години, ќе настапи во Скопје на 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“, соопштија организаторите. 

Групата е позната по своите големи хитови You and IDarlin’ (I Think About You)Oh HoneyWhere Is the Love и Heartache No. 9, кои ја дефинираа ерата на британската соул музика и сѐ уште пленат публика ширум светот. 

Срцето и гласот на Delegation е основачот и водечкиот вокал Рики Бејли, кој ја води групата од нејзиното создавање во 1976 година до денес. На настанот ќе настапи и Енди Вилијамс, исклучителен клавијатурист кој соработувал со легендарната група Hot Chocolate и донесува богати звучни текстури на сцената. 

На годинешната церемонија на Златна Бубамара, покрај Delegation, ќе настапи и соул‑иконата Марта Хај, која исто така ќе ја добие наградата за животно дело за својот придонес кон музиката. 
Настапот на легендите Delegation се очекува да биде еден од најзначајните моменти на фестивалот и вистински музички празник за љубителите на соул и фанк звуците. 

Зачлени се на нашиот е-билтен