Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Делови од централниот јужниот дел на Порторико цела недела се без струја

 Градови во централниот и јужниот дел на Порторико се погодени од продолжен прекин на електричната енергија што ги принуди властите на оваа територија на САД денеска да активираат тим за итни случаи и да побараат дистрибуција на храна за оние на кои им е потребна.

Прекинот на струјата се случи пред повеќе од една недела, оставајќи десетици илјади луѓе без електрична енергија.

Претставници на Лума енерџи, која управува со дистрибуција на електрична енергија во Порторико, рекоа дека поправките би можеле да траат повеќе од еден месец. Оваа најава предизвика големо незадоволство, особено што прекинот го наруши и водоснабдувањето, во екот на секојдневните предупредувања за преголеми жештини.

Повеќе од 40 отсто од 3,2 милиони жители на Порторико живеат под прагот на сиромаштија и не можат да си дозволат генератори или да ги заменат релативно скапите електрични апарати оштетени од прекини на струја.

Некои локални политичари бараат гувернерот Педро Пјерлуиси да прогласи вонредна состојба.

Треба да знаете
Moже да ве интересира