Демир Хисар: директорката на распит; се бара полициски увид во училиштето

Директорката на демирхисарската гимназија, Маја Лозановска, утрово се јави на информативен разговор во полиција, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски. Одбраната најави дека по распитот ќе побара со полициска придружба да се изврши увид во училиштето, тврдејќи дека постојат индиции за провална интервенција во училишни простории непосредно пред претресот во домот на директорката.

Случајот трае од 8 август, кога полицијата изврши претрес во домот на Лозановска во потрага по училишниот печат. Во тој период таа беше на боледување, а јавноста ја вознемири изјавата на надлежниот началник дека „и на носилки“ ќе ја донесе на информативен разговор, иако налогот се однесувал само на претрес. Министерството за внатрешни работи отвори дисциплинска постапка против началникот. Паралелно, постапката против директорката се води по пријава со основи на сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“.

Демир Хисар: директорката на распит; се бара полициски увид во училиштето

Директорката на демирхисарската гимназија, Маја Лозановска, утрово се јави на информативен разговор во полиција, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски. Одбраната најави дека по распитот ќе побара со полициска придружба да се изврши увид во училиштето, тврдејќи дека постојат индиции за провална интервенција во училишни простории непосредно пред претресот во домот на директорката.

Зачлени се на нашиот е-билтен