Newsweek пишува дека вежбата, која трае од 1 до 31 август, ја спроведуваат Северноамериканската команда за воздушна одбрана (NORAD) и Северната команда на американската армија, а покрај американските сили, во неа учествуваат и трупите на Обединетото Кралство и Данска, како и Федералното биро за истраги (FBI) и државната и локалната полиција на Алјаска.

Се вели дека станува збор за воена вежба со арктичка тема што се одржува секоја година во Алјаска за да се зајакнат одбранбените капацитети на САД во Северна Америка, во услови на постојана закана од соседна Русија.
Американското списание минатата недела контактираше со руските министерства за одбрана и надворешни работи за коментар за вежбата, но не доби одговор и рече дека останува да се види дали Русија ќе испрати борбени авиони или бродови во близина на Алјаска за да ја демонстрира својата подготвеност за операции во ледениот регион.

Само неколку дена подоцна, CNN објави дека американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека неговата „долгоочекувана средба“ со рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи во Алјаска.
Италијанскиот весник Corriere della Sera наведува дека не е случајно што Трамп ја избрал Алјаска за самитот со Путин само една недела по почетокот на американските маневри „Arctic Edge 2025“ во таа федерална држава.

Изборот на Алјаска (како место за самитот) е многу повеќе од историска или дипломатска симболика – оценува статијата.