Средбата меѓу претседателите на лидерите на Америка и Русија за преговори за крај на војната во Украина беше веројатно еден од најзначајните дипломатски случувања во последните неколку години, а местото на средбата имаше посебно историско значење.
Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа на американска територија во Анкориџ, најголемиот град во Алјаска. Но, ако средбата се одржа на истата локација пред речиси 160 години, таа ќе беше на руска територија.

Причината е што Алјаска, денес најголемата држава во САД, која сочинува една петтина од површината на земјата, некогаш беше во сопственост на Русија.
„Прилично логична“ локација
Сместена на крајниот северозапад од Северна Америка, Алјаска е одвоена од Русија со Беринговиот Проток – кој на најтесната точка е долг само 80 километри.
Кога Трамп објави дека состанокот ќе биде организиран во Алјаска, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, рече дека изгледа „сосема логично“ руската делегација „едноставно да прелета преку Беринговиот Проток и толку важна и долгоочекувана средба меѓу лидерите на двете земји да се одржи во Алјаска“.
Историските врски меѓу Русија и Алјаска датираат од почетокот на 18 век, кога домородните народи во Сибир наводно првпат разговарале за огромната земја на исток.
Експедиција предводена од данскиот морепловец Витус Беринг открила дека новата земја не е поврзана со руското копно.
Но, поради густата магла, експедицијата била неуспешна.
За време на втората експедиција во 1741 година, повторно предводена од Беринг и овој пат успешна, мажите биле испратени на брегот.

Следеа неколку комерцијални експедиции, но пресудно беше кога крзното од видра беше однесено во Русија, бидејќи тоа отвори врата за профитабилна трговија со крзно помеѓу Европа, Азија и тихоокеанскиот брег на Северна Америка.
Сепак, во 19 век, британските и американските трговци со крзно станаа сериозни конкуренти на Русите.
Алјаска и границата помеѓу Русија и САД
Иако горчливото соперништво заврши во 1824 година – кога Русија потпиша посебни договори со Соединетите Американски Држави и Велика Британија – ненадејното истребување на морските видри и политичките последици од Кримската војна (1853-1856) ја натераа Русија да биде спремна да ја продаде Алјаска на Америка.
„Бесмислена“ купопродажба
Вилијам Сјуард, тогашниот државен секретар на САД, ги водеше преговорите за купување на земјиштето и склучи договор со Русите.
По големи и остри дискусии, па дури и противење, Конгресот на САД ја одобри формалната понуда на Сјуард од 7,2 милиони долари и на 18 октомври 1867 година, американското знаме беше подигнато во Ситка, тогашниот главен град на Алјаска.
На почетокот, критичарите кои беа убедени дека земјата нема што да понуди, купувањето на Алјаска го нарекоа „глупоста на Сјуард“.

Тогашните 7,2 милиони долари, што ги плати Америка, денес би биле малку повеќе од 100 милиони долари, што е исклучително ниска цена за она што денес е најголемата федерална држава на САД.
Од крајот на 19 век, во Алјаска беа откриени злато, нафта и природен гас, што многу брзо почна да носи значителен профит.
Потегот на Сјуард се покажа како профитабилен и во 1959 година Алјаска официјално стана 49-та американска држава.
Алјаска има значаен извор на природни ресурси
Оваа федерална американска држава има повеќе од 12.000 реки и огромен број езера. Нејзиниот главен град, Џуно, е единствениот главен град на САД до кој може да се стигне само со брод или авион.
Езерото Худ во Анкориџ е една од најпрометните бази за хидропланови, со околу 200 летови дневно.
Трамп и Путин се сретнаа во заедничката база Елмендорф-Ричардсон, најголемата воена база во земјата. Базата, која опфаќа 64.000 хектари земјиште, е клучна локација на САД за нејзината арктичка борбена подготвеност.

Ова не е прв пат Алјаска да се најде во центарот на вниманието на американски дипломатски настан. Во март 2021 година, дипломатскиот и националниот безбедносен тим на тогашниот претседател Џозеф Бајден се сретнаа со своите кинески колеги во Анкориџ.
Белата куќе не беше многу дарежлива со официјални детали за средбата со Путин, но сепак соопшти дека разговорите во Алјаска беа „вежба за слушање“ за Трамп и „најдобрата мапа на патот за американскиот претседател за тоа како да се стави крај на војната“ меѓу Русија и Украина.