Поради дефект во шахта, од 10:40 часот без вода се корисниците на ул. 30/бб во Радишани, во близина на фабриката „Нимекс“. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до санација на дефектот. Апел до жителите е рационално да располагаат со постојните резерви додека траат интервенциите.