Денеска повторени избори за градоначалник во четири општини

Во четирите општини, Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше денеска се одржуваат повторените избори за градоначалник.

Таму, на редовните локални избори на 19 октомври не беше постигната доволната излезност од 33,33% од запишаните гласачи и изборите беа неуспешни.

Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места,  Маврово Ростуше има 40 избирачки места, Врапчиште на 39 избирачки места  a бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562.

Од Државната изборна комисија за денеска закажаа неколку прес-конференции на кои ќе се објавуваат информации за текот на гласањето.

Првите прелимнирани резултати од гласањето ќе бидат објавени нешто по 20.00 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен