Во организација на Стрип центар на Македонија-Велес денеска свечено ќе биде отварена на најзначајната стрип манифестација во државата, 21 МЕЃУНАРОДЕН СТРИП САЛОН „ВЕЛЕС 2024“ – 6 ТА СТРИП КОЛОНИЈА.
На оваа единствена стрип манифестација, која ќе трае од денеска до 25 август ќе биде промовиран целокупниот стрип фестивал и ќе бидат прогласени најдобрите од Меѓународниот стрип конкурс избрани од рекордни 351 автори од разни земји.
На најдобрите ќе им бидадт доделени наградите и ќе биде отворена изложбата од избраните пристигнати дела.
Во рамките на манифестацијата ќе работи традиционалната стрип колонија со работа на авторски стрипови, размена на искуства, промоции на учесниците и други содржини.
Манифестација финансиски е помогната од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија и од Општина Велес.