Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Депортирал украински деца во Русија, САД воведоа санкции против шефот на белорускиот Црвен крст

Американското Министерство за финансии преку соопштение информира дека шефот на белорускиот Црвен крст, Дзмитриј Шауцу, е санкциониран затоа што и помагал на Марија Лвова-Белова комесарка на рускиот претседател за правата на децата,која е обвинета за спроведување на депортациите.

Лвова-Белова е предмет на неодамнешна потерница од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за „воено злосторство“ за незаконска депортација и трансфер на деца од Украина во Русија.

Во јули, Шауцу доби жестоки меѓународни критики кога тврдеше дека белорускиот Црвен крст бил вклучен во носењето на украински деца од областите окупирани од Русија во Белорусија.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина го повика Белорускиот Црвен крст да го отпушти Шауцу и ги суспендираше откако тоа не го сторија.

Откако ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Русија е обвинета за насилно депортирање на илјадници украински деца – со поддршка на Белорусија – од училишта, болници и сиропиталишта во делови од земјата контролирани од нејзините сили.

Треба да знаете
Moже да ве интересира