Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, на отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп/ Фотогорафија: Јане Шоршиоски

По повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп, Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ, во своето обраќање му честиташе на избраниот почесен конзул Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.

Дерала истакна дека по една година руска агресија против Украина, украинскиот народ сè уште е мета на болка, страдање и смрт.

-Изминува една година од руската брутална воена агресија против Украина. Од првиот час на рашистичкиот поход против независна, суверена и демократска Украина, цивилите – жени, деца и стари – се жртви на руската злосторничка солдатеска и платенички банди составена од ноторни криминалци. И додека говориме овде, Украина е мета на рускиот ракетен терор. Светската супер сила трпи понижувачки порази на бојното поле од десет пати послабо вооружената но херојска одбрана на Украина. Понижувањата на фронтовите, агресорите ги „компензираат“ со уништување на цивилната инфраструктура, приватните домови, училишта, болници, културни установи – прават сѐ што може да предизвика болка, страдање и смрт. Светот е восхитен и инспириран од хероизмот на Украина. Од првиот ден, борбата на храбрите Украинци и Украинки за слобода е и борба за слобода на целиот свет. Тоа е незаборавна жртва човечката цивилизација. Затоа слободниот свет поита да ѝ помогне на Украина.  Со тоа, се чува слободата и демократијата на целиот свет. Тоа е и обврска на меѓународната заедница. Империјалистичките амбиции на Путин се закана за целиот свет и се во директна спротивност со основите на меѓународното право и повелбата на ОН, изјави Дерала.

Сепак, како што нагласи Дерала, хероизмот на украинскиот народ се гледа на секој чекор, а денешниот настан е уште еден доказа за нескрѓливоста на духот на Украина.

-Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но, тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите. Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее! Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот. Оттаму, денешниот настан, претставува уште еден доказ за нескршливиот дух на Украина, за тоа дека Државата живее и дека ќе биде силна, дека ќе се развива и ќе биде гордост на своите граѓанки и граѓани и на сите слободољубиви луѓе во светот, додаде Дерала.

На крајот на своето обраќање, Дерала нагласи дека македонското општество и државата застанаа на страната на слободата уште од првиот ден, давајќи ја својата поддршка за Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен