Рускиот милијардер Олег Дерипаска изјави дека западните инвеститори не треба да бидат под притисок за да ги продаваат своите имоти во Русија бидејќи, како што наведе, таквата практика би била неправедна и штетна за руската и светската економија.
„Важно е неколку западни инвеститори кои сè уште работат во Русија да останат сопственици на нивните компании и да можат да ги преживеат овие тешки времиња“, рече Дерипаска, објави руски Форбс.
Откако Русија ја почна инвазијата врз Украина во 2022 година, многу западни компании ја напуштија Русија, а над дел од нивниот имот државата го презеде управувањето.