Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Девет лица загинаа во пожар во камп на северот на Бразил

– Најмалку девет лица загинаа, а осум се повредени откако пожар избувна во камп за фармери во северната бразилска држава Пара.

Пожарот предизвика краток спој во електричната мрежа за време на инсталацијата на безжичен интернет во кампот на фармерите, кој се наоѓа во градот Парауапебас, соопштија од кампот.

Водачите на локалната заедница на заедничката прес-конференција изјавија дека краткиот спој се случил вчеравечер, кога антената допрела високонапонска мрежа, поради што се запалиле каблите, како и колибите во кампот.

Меѓу деветте загинати, шест лица се жители на кампот, додека три од жртвите се од интернет компанијата.

Од осуммината повредени кои се префрлени во болница, седум веќе се пуштени од болница, а еден е хоспитализиран со изгореници од втор степен и неговиот живот не е во животна опасност. 

Зачлени се на нашиот е-билтен