Деветтата меѓународната конференција за заштита на океаните ќе се одржи следната седмица во Атина

 Над 120 учесници од 113 земји, меѓу кои 12 лидери на држави или влади и околу 50 министри од целиот свет, ќе учествуваат на деветтата меѓународна конференција „Наш океан“ („Our Ocean Conference 2024”) што на 16 и 17 април ќе се одржи во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција првпат е домаќин на конференција што главна цел има заштита на океаните, а министри за надворешни работи, земјоделство и животна средина и енергија, на прес-конференција во грчкото МНР денеска ги презентираа деталите.

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетртис истакна дека целта на конференцијата е да има опипливи резултати и опипливи активности што ќе го подобри нивото на заштита на животната средина. 

Конференцијата има шест главни теми: климатски промени, поморска безбедност, одржливо рибарство, морско загадување, морски заштитени подрачја и одржлива сина економија .

Паралелно, како што информира министрите, Грција како земја домаќин ќе ги истакне и сопствените цели, како што се промовирање на одржливоста, зелено поморство, намалување на пластиката во морињата, како и зелена транзиција во Медитеранот. 

Герапетритис истакна дека станува збор за една од најголемите конференции што ги организира земјата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен