Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, испрати новогодишни пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“. Пакетчињата всушност претставуваат нагледни средства за настава за во двете училишта и набавени се согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми. Така што, во новата 2024 година, учениците ќе можат своите активности да ги реализираат на нова Татами подлога, со користење на Игровен мек сет и играјќи со рачни кукли. Новите душеци, перничиња и Лејзи, вреќи само уште повеќе ќе им го разубават престојот во училниците. Пакетчињата се дополнети и со практичен Сензорен тајмер.
Покрај тоа, претседателот испрати и честитка за вработените во двете институции, во знак на благодарност за работата и трудот што го вложуваат секојдневно, за нивната посветеност и инвентивност во работата и во вонредни услови. Секое дете заслужува да биде среќно дете а споделувањето и на најмалото нешто е голем знак за совест, грижа и љубов.
Директорките на ПОУ „Иднина“ и „Златан Сремец“, искажаа благодарност за подготвеноста на претседателот да излезе во пресрет на потребите на учениците и училиштата и да ја дополни радоста на учениците со користење на новите нагледни средства кои ќе им бидат од полза цела година.