Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џихадисти на Боко Харам наводно киднапирале десетици луѓе во Нигерија

 Повеќе десетици бегалци во Нигерија исчезнале и се стравува дека биле киднапирани од џихадистите на Боко Харам.

Според локалните жители, групата киднапирана од бегалскиот камп во градот Гамбору Нгала вклучувала главно жени кои претходно избегале од тамошните бунтовници. Велат дека киднапирањето се случило кога отишле да соберат огревно дрво за готвење и продажба, јави Би-Би-Си.

Извештаите за бројот на киднапирани многу се разликуваат, од околу 50 до повеќе од 300. Ниту регионалната, ниту федералната влада не го коментираа киднапирањето, ниту пак официјално е објавен број.

Киднапирањето се случило пред неколку дена, а до пошироката јавност дојде дури сега бидејќи Гамбору Нгала се наоѓа во оддалечена област во нигериската сојузна држава Борно каде џихадистите ја уништиле телекомуникациската инфраструктура.

Најголемото масовно киднапирање кое го изврши Боко Харам се случи во 2014 година, кога повеќе од 270 ученички беа однесени од училишен дом.

Претставници на државата Борно за Би-Би-Си изјавија дека тим за одговор бил распореден во областа каде што се случиле киднапирањата, но не дадоа дополнителни детали.

Патот кој води до градот е затворен.

Државата Борно претходно соопшти дека 95 отсто од борците на Боко Харам или се мртви или се предале.

.

Најново