Американскиот претседателот Џо Бајден гласаше пред време на американските избори на нешто повеќе од една недела до денот на изборите.
Бајден гласаше во близина на Вилмингтон, Делавер, каде што го помина викендот, пред да се врати во Белата куќа.
President Biden in line to vote. pic.twitter.com/RZfUEgsBqD
— Pop Base (@PopBase) October 28, 2024
„Ајде да гласаме“, рече Бајден упатувајќи се кон гласачкото место, каде што ги поздрави гласачите заедно со пратеничката Лиза Блант Рочестер, која се кандидира да ја претставува државата во Сенатот. Додека чекаше во редот за да го даде својот глас, Бајден за медиумите изјави оти е убеден дека неговата потпретседателка Камала Харис ќе победи на изборите.
На претходните избори, во 2020 година, Џо Бајден освои најмногу гласови досега дадени за претседателски кандидат на САД. Оваа година, претседателот го даде својот глас неколку месеци откако одлучи да се откаже од својата кандидатура за реизбор и да ја напушти претседателската трка, поддржувајќи ја Харис за номинацијата на демократите.
Откако се повлече од трката, претседателот во голема мера остана надвор од кампањата и честопати надвор од центарот на вниманието, давајќи им на гласачите шанса да го запознаат неговиот можен наследник. Во меѓувреме, Харис чекореше внимателно, усогласувајќи се со успесите на администрацијата на Бајден, истовремено дистанцирајќи се од болните точки кај гласачите.
Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп на изборите доаѓаат со анкети кои покажуваат голема неизвесност, особено во државите каде што ќе се одлучува трката, иако Харис има предност кога е во прашање поддршката на национално ниво.