Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи контролата врз реалноста, една година по неговата инвазија на Украина, пренесува Глобал њуз.
-Додека ја одбележуваме оваа мрачна прилика, продолжува понатамошната инвазија на Руската Федерација и нелегалната агресивна војна против Украина, рече Џоли пред Генералното собрание на ОН во средата.
Таа зборуваше во Њујорк во пресрет на годишнината од инвазијата на Русија, пред гласањето на сите земји-членки на ОН за тоа дали да ја осудат Москва и да ја повикаат да стави крај на војната.
-Претседателот Путин е целосно одговорен за оваа војна, а неговото последно обраќање докажува дека тој останува неприцврстен од оваа реалност, рече Џоли.
Таа го осуди обраќањето во кое Путин објави дека го суспендира учеството на Русија во договорот за намалување на стратешкото оружје.
Џоли рече дека е „непромислено“ Путин да го напушти нуклеарниот договор и рече дека неговиот говор претставува „рециклирани апсурди“ за војната.
-Се работи за избор на мир – сеопфатен, праведен и траен мир во Украина“, рече таа.Станува збор за избор на правила над хаосот и јасно кажување дека никој, денес и во иднина, не може да ги игнорира принципите на суверенитет и територијален интегритет.
Според Џоли, нема друга опција освен победа за Украина. Канада ќе биде таму за да ја поддржи борбата на Украина за слобода, онолку долго колку што е потребно“.
Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)