Бризи Џонсон од САД победи на трката во спуст на Зимските олимписки игри во Коритина.
Трката која беше во сенка на падот на Линдзи Вон, Џонсон за заврши со време од 1:36.10. Германката Ема Ајхер, зад неа заостана само четири стотинки и го освои сребрениот медал, додека третопласирана беше Италијанката Софија Гоџа.
Џонсон со тоа го донесе и првиот медал и тоа златен за САД на овие Олимписки игри.
Во генералниот пласман, засега, најуспешна нација е Норвешка со пет медали (две злата, едно сребро и една бронза) а по неа следува домаќинот Италија со вкупно освоени четири медали (по едно злато, сребро и две бронзи).
На програмата на деншниот ден предвидени се уште неколку финални натпревари.