Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џонсон во своите мемоари го озборува Макрон

На 10 октомври, поранешниот лидер на британските конзервативци Борис Џонсон ќе ја објави книгата мемоари „Unleashed“, во кои го раскажува своето искуство во политиката, особено неговото време во Даунинг стрит од 2019 до 2022 година, обележано со преговорите со Европската унија за Брегзит и Ковид-19 пандемијата.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во мемоарите, чии делови објави Дејли Мејл, се открива деталји за францускиот претседател Емануел Макрон.

„Иако Макрон е шармантен лично и иако честопати се согласувавме за важни прашања, тој навистина го мислеше тоа кога рече дека Велика Британија треба да биде казнета за Брегзит“, пишува Џонсон.

Тој опширно ги опишува своите разговори со европските лидери како што се поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и Емануел Макрон, чиј акцент го исмева додека зборува англиски.

„Во некои прашања, се плашам, тој навистина направи штета“, вели тој за Макрон.

Тој лично го критикува францускиот претседател за неговиот став за незгодното прашање со мигрантите кои илегално го преминуваат Ла Манш за да стигнат од Франција во Обединетото Кралство, што е многу чувствителна тема за британската страна.

Џонсон објавува интригатни сеќавања со кои тој посочува дека Макрон бил подготвен да замижи пред бандите за трговија со луѓе за да им го загорчи животот на Британците кои ја напуштија ЕУ.

„Во најмала рака ми се чинеше можно дека тој го користеше проблеми и дискретно дозволуваше доволен број мигранти да го преминат Каналот за да го излудат британскиот народ за да го поткопа едно од најважните прашања на Брегзит – враќањето на контролата врз нашите граници“, пишува Џонсон.

Зачлени се на нашиот е-билтен