Дигитален напредок на Западен Балкан: Македонија добива 16 милиони евра поддршка од ЕУ

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека македонскиот јазик не се споменувал во Преговарачката рамка. Фактите се спротивни
Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека македонскиот јазик не се споменувал во Преговарачката рамка. Фактите се спротивни

Европската комисија ја потврди успешната реализација на дел од реформите во Република Македонија и одобри второ ослободување на средства во износ од 16 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.

Според Европската комисија, четири реформи се оценети како целосно реализирани, од кои три се во областа на дигиталната трансформација, што претставува значајно признание за процесите што ги спроведува Министерството за дигитална трансформација.

Клучни постигнувања

Реформите кои добија европско одобрување ги опфаќаат:

  • Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, целосно усогласен со европската директива за сајбер-безбедност (NIS2);
  • Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европски модел на дигитален идентитет;
  • Законот за архивски материјал, кој воспоставува правна рамка за електронско архивирање во јавната администрација.

„Оваа одлука е конкретна потврда дека европските институции ја препознаваат и поддржуваат нашата работа во насока на создавање безбедна, поврзана и модерна дигитална држава. Новите закони поставуваат темели за долгорочна трансформација на јавната администрација и создавање подобри, побрзи и посигурни услуги за граѓаните,“ изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Средства и следни чекори

Од вкупниот износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, а преостанатите средства ќе се реализираат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во форма на инфраструктурни проекти.

Министерството најавува дека ќе продолжи со спроведување на останатите активности во рамките на Инструментот за реформи и раст, со цел целосно усогласување со европската дигитална агенда и постигнување на целите на Дигиталната декада 2030.

Зачлени се на нашиот е-билтен