Дијана Хрка започна штрајк со глад пред Собранието: Бара правда за загинатиот Стефан

Мајката на трагично загинатиот студент Стефан Хрка, Дијана Хрка, која вчера започна штрајк со глад пред Собранието во Белград, спроти ресторанот „Чациленд“, изјави дека нема намера да се откаже од својата борба за правда.

„Кој го уби моето дете? Ако треба да умрам, ќе умрам чесно,“ изјави Дијана, додавајќи дека ќе продолжи со штрајкот сè додека случајот не биде целосно расчистен.

Таа бара од надлежните институции да го доведат случајот до крај, сите вмешани да бидат сослушани и одговорни.

„Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сите студенти кои се уапсени да бидат ослободени,“ рече таа.

Стефан Хрка трагично го загина пред една година при уривање на настрешница во Белград, на настан кој тогаш предизвика голем јавен револт во Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен