ДИК: Гласањето се одвива непречено, до 16:00 часот гласале 2762 болни или немоќни лица

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица со право на глас на вториот круг од локалните избори, до 16:00 часот гласале 2762 гласачи

 Гласањeто започна во 7 часот утринава и се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 16:00 часот гласале 2762 гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК).

„Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 16:00 часот гласале 78 гласачи“, соопшти ДИК.

Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

Право на глас имаат 1 013 375 граѓани.

Зачлени се на нашиот е-билтен