ДИК: Резултатите од гласањето на болните и немоќните лица ќе се објават утре

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.

Денес гласаа болните и немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, но резултати нема да има бидејќи броењето на овие гласови и нивното објавување се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.

Гласањето на оваа категорија гласачи се одвиваше во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3327 гласачи.

Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи.

Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот гласале 125 гласачи.

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

Зачлени се на нашиот е-билтен