Димитријевиќ пред трансфер во Баерн Минхен

Руските медиуми попладнево објавија дека македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, сака да го раскине договорот со рускиот клуб Зенит, бидејќи добил понуда од германскиот клуб Баерн.

27-годишниот Димитријевиќ, кој ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) во плејофот во 2023 година и шампионската титула со УНИКС, се врати во руското првенство по една сезона во италијалијанскиот клуб Олимпија Милано, и досега одигра 10 натпревари, со просек од 11,5 поени, 2,9 скока и 5,7 асистенции за 24 минути на теренот.

Инаку, од неодамна нов тренер на Баерн е Светислав Пешиќ кој има за цел да го одведе германскиот клуб директно во плеј офот на Евролига.

Истовремено, Зенит сака да го купи дефанзивецот Ксавиер Ратан-Мејес од германскиот клуб, чија минутажа е намалена по доаѓањето на Спенсер Динвиди, па така може да се очекува и трампа меѓу двата клуба.

Зачлени се на нашиот е-билтен