Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Димитровски кој од новинар влезе во политика за да стане заменик-министер ги критикува новинарите кои станале портпароли

Генералниот секретар на партијата Демократски сојуз, Зоран Димитровски во неговото гостување на радиото „Лидер“ ги критикуваше новинарите кои во текот на својата кариера станале портпароли, заборавајќи дека тој од новинар и главен уредник на неколку дневни весници стана генерален секретар и заменик-министер.

„Зошто после тоа повеќе од новинарите сакаа да станат портпароли? Затоа што видоа дека на некој начин да се биде близок со власта е една парадигма во оваа област на новинарството отколку да се биде вистински коректор. Не ја сфатија сериозно таа улога на новинарите како коректор“ рече Димитровски.

Навистина е чудно кога своите колеги ги критикува поранешниот новинар и главен и одговорен уредник на „Дневник“, „Нова Македонија“ и „Вечер“, кој влезе во политиката за да стане генерален секретар на партија и заменик-министер.

Обивнувањата дека со станувањето портпароли тие не се веќе коректори на власта, туку блиски со неа паѓаат во вода кога доаѓаат од човек кој се откажа од улогата на новинар за да стане генерален секретар на партијата на Павле Трајанов.

Зачлени се на нашиот е-билтен