Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски, во изјавата за Локално.мк., се вели во соопштението од СДСМ.
„Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата“, вели Димковски.
Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.
„При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка“, вели Димковски.

