Димовски: Од Рацин, на Цеца

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во објава на своите социјални мрежи се осврна на вчерашниот инцидент во Велес кога српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца бакнуваше бугарско знаме.

Додека растев, другите градови, посебно Скопје, Куманово и Струмица веќе стануваа турбо-фолк центри,

Велес беше град каде што само на едно место, и тоа можеби за викенд, ќе најдеше турбо-фолк музика, срамота беше.

Во Велес имаше рокерски, рап, метал клубови. Градот имаше десетина млади музички бендови. Градот имаше музичка сцена.

Во средно училиште, во гимназијата во Велес, само еден или двајца, и тоа најслабите ученици, слушаа турбо-фолк, и тоа онака, криејќи се, срамота беше.

Во тоа време, додека растев во Велес, имаше концерти, манифестации и настани, но никогаш тоа не било со пејачи од дното на понудата на Балканот, срамота беше.

Во тоа време, во Стоби, се одржуваа најкултните културни настани во Македонија, на рамниште на Охридско лето.

Изградивме најубава и најопремена зграда на театарот во Велес, каде што требаше уште посилно да се развива сета културна сцена на THE градот Велес.

Се радувавме дека не препознаваа на сите музички, поетски, драмски фестивали.

Затоа, овој настан со женава од Србија, се надевам дека некого ќе опамети и ќе престане да кокетира со шунд, турбо-фолк и шунд-поп музика која се увезува.

Знам дека мнозинството денес не мисли дека е срамота да се прима и живее оваа шунд култура, но срамота е, и штетно е, и за следните генерации и за сите.

И да ви кажам, има што да се направи за да се запре оваа декаденција на умот и културата.

Од Рацин, на Цеца.

Од Главинов, на Саша Матиќ.

Од Прличков, на Северина.

Од гемиџиите, на Жељко.

Срамота е.

Зачлени се на нашиот е-билтен