Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Диоген Хаџи-Коста Милевски со изложба насловена Монодиоптрија во Центарот за култура Битола

Во среда на 22 мај во фоајето на НУ Центар за култура Битола, во 19:30 ч, ќе биде отворена изложбата на фотографии на Диоген Хаџи-Коста Милевски, насловена Монодиоптрија.

Изложбата Монодиоптрија е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година и содржи 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените на фестивалот во изминатите години.

„Оваа изложба е резултат на тимската работа на исклучителна група на професионалци, кои секој во својот домен е дел од сложувалката и е потпишан на задната страна на секоја од 30-те фотографии“, најавува авторот, фотографот Милевски.

Изложбата му претходи на свеченото отворање на 25-то јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој започнува во сабота на 25 мај, и е овозможена со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Треба да знаете
Moже да ве интересира