Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дипломата за англиски јазик на Христовски на тапет пред Јавното обвинителство

По повиците од СДСМ,  Јавното обвинителство да отвори постапка, дали е лажен сертификатот за англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, од Обвинителството информираат дека ќе оформи предмет со кој ќе ја утврдува одговорноста за прекршувањето на законот.

Од СДСМ тврдат дека Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.

Тие го повикаа Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. „Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди  кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот“, пишува во соопштението од СДСМ.

Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски

Моментално Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) постапува по предметот за новоименуваниот директор на Агенцијата за национална безбедност, доколку во разумен рок не ги испитаат наводите, Обвинителството секако ќе оформи предмет и ќе ги провери, информираат од ОЈО Скопје за МИА.

ДКСК минатата недела отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор. Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, за МИА потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет и веќе се постапува.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен