Директно до пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска: Дали одморивте, не ја гледам тука, излезе ли?

„Дали одморивте, како се викаше Иванка или Ивона, не ја гледам тука, излезе ли?“, се обрати претставникот од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ од говорницата на Анкетната комисија, до пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, која пред тоа бараше пауза и изземање на претседателот на комисијата Димитар Апасиев.

„Како не ви е срам, тука пред нас од Кочани, вие се препукувате. Расправата уште не е ни почната вие барате пауза од еден саат. Ние за еден саат, направивме цела веб страна „Супорт Кочани“, за да помогнеме. Знаете ли што значи еден саат? Навистина ви кажувам, ако ова за некого е само уште една политичка активност, подобро и да не учестувате. Ова одолговлекување ќе биде само опструкција на работата, а ние сме тука за тоа да го кажеме јавно – нема да дозволиме такви работи, пауза, ајде утре, дискусии по еден саат ќе зборуме“, рече, обраќајќи и се на Василевска.

Претставникот на Супорт Кочани рече дека родителите во изминатите 9 месеци немаат направено пауза ниту еден час.

„Родителите немаат спиено 9 месеци, ти пауза ќе правиш. Ние немаме направено пауза 9 месеци, а работиме волонтерски, а вие тука сте платени. Нас на кондиција нема да не фатите, колку дена и да биде што и да треба да направиме, ќе го направиме тоа за Кочани. Ова е за јавноста, да се дознае вистината да не се шушка зад врати и дека може да се изманипулира. Ова не е прашање за политика, туку за живот во Кочани, за тие што оснавме во Кочани. Кога беа амбасадорите ни кажаа податок дека во една паралелка од 20 деца во Кочани, 18 деца сакаат да се иселат, ние сме последната генерација што може да смениме нешто и да знаете дека ние од Супорт Кочани нема да е откажеме и дека ќе се бориме до крај“, порача од Супорт Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен