Јордан Божилов, директор на Софискиот безбедносен форум, во изјава за БНТ ја посочи РСМ како пример како Бугарија може да се справи со лажните дојави за бомби.
-Уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула, имаше само 9. Сите се од ист тип и слични, како што се случува кај нас, изјави Божилов.
Според него, во Република Северна Македонија се променети протоколите за постапување во вакви ситуации, начините на креирање и користење на официјални електронски пораки, се прават проверки на училишта.
-Не сите закани ги затвораат училиштата. Работиме на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ, додаде Јордан Божилов.
Според него, важно е да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап, проверки.
-Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во Северна Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран, додаде Божилов. (Frontline)