До 9 часот во Центар Жупа гласале само 57 луѓе, излезноста во Гостивар под еден процент

Државната изборна комисија излезе со првиот пресек за излезеност на повторените избори за градоначалник во четири општини.

До 09.00 часот најактивни биле гласачите во Маврово и Ростуше каде гласале 2,89 проценти од запишаните избирачи.

Најмал одѕив има во Центар Жупа каде гласале само 0,75% односно само 57 лица од вкупно запишаните 7,562 избирачи.

Во Гостивар излезеноста е 0,97% додека во општина Врапчиште е 1%.

Денеска се бира градоначалник во овие општини затоа што на редовните избори во октомври не беше постигнат цензусот од 33,33 проценти излезеност од вкупно запишаните гласачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен