Првиот заклучок од рангирањата е дека повисоките места (од 1 – 5 место) се резервирани за држави членки на ЕУ. Исклучок се Србија и Албанија по однос на ефективноста на нивните влади (5 место) и Црна Гора и С.Македонија (2 и 5 место, респективно) по однос на квалитет на регулативата. Повеќе од очигледна е поврзаноста на доброто владеење со зачленувањето во ЕУ.
Тони ПОПОВСКИ
Оваа колумна е продожение на колумната која ја објавив пред три седмици со наслов „На половина пат кон добро владеење со Републиката“, напишана во момент кога беа објавени “Светските индикатори за владеење“ на Светската Банка, со кои се опфатени над 200 држави со временска серија од 1996 до 2022 година. Од страна на Светската Банка се пресметани шест композитни индикатори каде оценките се дадени на скала од минус (-) 2.5 до плус (+) 2.5. Истражувањето во позадина на овој индекс е засновано на перцепции на претпријатија, граѓани и други испитаници опфатени со 30-тина релевантни глобални и континентални – регионални анкети, како и други извори на податоци.
Во претходната колумна ги анализирав индикаторите само за нас, наведувајќи ги притоа оценките од последните години на мандатот на нашите премиери од иста или различна политичка провиниенција во пресвртни години. Последната година (2022) е во мандатот на Димитар Ковачевски.
Во оваа колумна ги презентирам нашите оценки и оценките за композитните индикатори на 13 држави од нашето опкружување само за 2022 година, низ рангирање, каде на прво место се најдобро оценетите држави. Оценките се наведени во заградата после наведената држава.
По однос на контролата врз корупцијата:
- Словенија ( + 0.76)
- Хрватска ( + 0.14)
- Грција ( + 0.03)
- Романија ( + 0.01)
- Унгарија ( – 0.10)
- Црна Гора ( – 0.11)
- Бугарија ( – 0.15)
- Косово ( – 0.26)
- С. Македонија ( – 0.32)
- Албанија ( – 0.40)
- Србија ( – 0.45)
- Турција ( – 0.46)
- БиХ ( – 0.68)
По однос на ефективноста на владата:
- Словенија ( + 1.06)
- Хрватска ( + 0.58)
- Унгарија ( + 0.53)
- Грција ( + 0.44)
- Србија и Албанија (+ 0.06)
- Романија ( + 0.00)
- Црна Гора ( – 0.02)
- С. Македонија ( – 0.08)
- Турција и Косово ( – 0.19)
- Бугарија ( – 0.27)
- БиХ ( – 1.06)
По однос на политичката стабилност:
- Словенија ( + 0.70)
- Унгарија ( + 0.63)
- Хрватска ( + 0.61)
- Романија ( + 0.48)
- Бугарија ( + 0.24)
- С. Македонија и Албанија ( + 0.11)
- Грција ( + 0.06)
- Црна Гора ( – 0.05)
- Србија ( – 0.17)
- Косово ( – 0.25)
- БиХ ( – 0.43)
- Турција ( – 1.03)
По однос на квалитетот на регулативата:
- Словенија ( + 0.69)
- Црна Гора ( + 0,54)
- Хрватска ( + 0.50)
- Грција ( + 0.46)
- С. Македонија ( + 0.45)
- Унгарија ( + 0.40)
- Романија ( + 0.36)
- Бугарија ( + 0.32)
- Албанија ( + 0.15)
- Србија ( + 0.13)
- БиХ ( – 0.15)
- Турција ( – 0.24)
- Косово ( – 0.38)
По однос на владеење на правото:
- Словенија ( + 0.97)
- Унгарија ( + 0.42)
- Романија ( + 0.40)
- Хрватска ( + 0.36)
- Грција ( + 0.32)
- С.Македонија ( – 0.09)
- Бугарија ( – 0.10)
- Србија ( – 0.11)
- Црна Гора ( – 0.12)
- Албанија ( – 0.16)
- БиХ ( – 0.30)
- Косово ( – 0.36)
- Турција ( – 0.45)
По однос на гласот и отчетноста:
- Словенија ( + 0,97)
- Грција ( + 0.95)
- Хрватска ( + 0.61)
- Романија ( + 0.56)
- Унгарија ( + 0.42)
- Бугарија ( + 0.28)
- Црна Гора ( + 0,27)
- С.Македонија ( + 0.15)
- Албанија ( + 0.13)
- Косово ( – 0.05)
- Србија ( – 0.10)
- БиХ ( – 0.32)
- Турција ( – 0.92)
Првиот заклучок од рангирањата е дека повисоките места (од 1 – 5 место) се резервирани за држави членки на ЕУ. Исклучок се Србија и Албанија по однос на ефективноста на нивните влади (5 место) и Црна Гора и С.Македонија (2 и 5 место, респективно) по однос на квалитет на регулативата. Повеќе од очигледна е поврзаноста на доброто владеење со зачленувањето во ЕУ.
Структурната врска помеѓу заостанувањето во процесот на пристапување во ЕУ и споредбено полошото владеење е истотака очигледна, ако се земе предвид дека на последните три места во шестте рангирање се Турција, БиХ, следени од Косово, со исклучок на Србија која е на 11 место по однос на контролата врз корупцијата и по однос на гласот и отчетноста, и Бугарија која во 2022 е на 12 место поради немање на редовна влада подолг период.
Индикативен наод од рангирањата е дека само кај 4 држави од анализираните 13, има позитивна перцепција по однос на контролата на корупцијата што само по себе укажува дека корупцијата останува најсериозниот предизвик не само кај нас туку и во овој поширок регион. Впрочем и нашето најлошо рангирање е кај овој индикатор и кај индикаторот за ефективност на владата (на 9 место). Кај другите индикатори еднаш сме на 5 место, два пати на 6 место, и еднаш на 8 место. Во просек сме кон средината на рангирањето за овие 13 држави и целта треба да ни биде да влеземе во групата на најдобрите, а за да влеземе во таа група неопходно е да напредуваме во процесот на пристапни преговори.