До среда уживајте на сонце, доаѓаат дождови

До среда уживајте на сонцето

До среда уживајте на сонце, доаѓаат дождови. Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ветерот ќе го промени правецот во јужен. Во четврток попладне ќе има изолирана појава, а во петок на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен