Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Добила опасни закани по ќерка ѝ зошто е против изградбата на зграда кај Воена болница

Советничка во општина Карпош, членка на Иницијативата О2, добила закана дека ако не престане да реагира против изградбата на 17-катницата кај Воената болница во Скопје тогаш ќерката ќе и биде силувана.

Оваа закана што советничката ја добила неодамна, денеска ја обелодени Татјана Чакулев, која ја промовираше платформата преку која граѓаните ќе може да пријавуваат корупција во урбанизмот.

„Се случија закани. Една од нашите членки доби телефонска закана и ѝ беше кажано да престане да реагира, затоа што ќе и ја силуваат ќерката. Заканите беа пријавени во полиција, но нема исход. Името на кое е регистриран бројот е непостоечко и не може да се открие кое лице било зад заканите“, рече Чакулев на промоцијата.

О2 Иницијативата во Советот на општина Карпош жестоко се спротивставува на изгрдбата на висококатницата во скопски карпош веднаш зад поликлиника Букурешт во близнина на Воената болница, зона која е прогласена за заштитено подрачје.

Од Иницијативата поднеле претставка до Министерството за транспорт и врски и бараат министерот Александар Николоски да го поништи градежниот проект.

Зачлени се на нашиот е-билтен