Добитниците на Нобеловата награда за мир: Младите мора да се борат против нуклеарното оружје

Фото: © Nobel Prize Outreach. Photo: Jo Straube

Групата „Нихон Хиданкио“ која оваа година ја доби Нобеловата награда за мир порача дека младите мора да почнат да се борат за свет без нуклеарно оружје, кое сега е многукратно помоќно отколку во минатото.

Ова движење формирано од преживеаните од нуклеарното бомбардирање на јапонските градови Хирошима и Нагасаки води кампања за свет без нуклеарно оружје, користејќи ги сведоштвата на преживеаните.

„Нашата просечна возраст сега е 85 години“, рече Теруми Танака, копретседател на групата, при примањето на наградата на церемонијата одржана во Градското собрание на Осло.

„Секој од вас може да стане или жртва или сторител, во секое време. За десет години, можеби ќе има само неколку од нас кои ќе можат да сведочат од прва рака како преживеани. Отсега па натаму, се надевам дека новите генерации ќе најдат начини да ги продолжиме нашите напори и понатаму да го развиваме движењето“, рече Танака (92) пред публиката во Осло.

Заканите за употреба на нуклеарно оружје беа споменати во војните во Украина и Газа, додаде Танака, предупредувајќи дека 4.000 нуклеарни боеви глави се подготвени за итно лансирање низ целиот свет.

Официјалната проценка е дека 210.000 лица загинале од бомбите фрлени во 1945 година врз Хирошима и Нагасаки.

Зачлени се на нашиот е-билтен