Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година.
Наградата е за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Годинава добитници се Борче Стаменов и доц.д-р Ирфан Ахмети.