Доделување на меѓународните награди за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Во Париз ќе бидат чествувани новинари од шест земји, а меѓу номинираните за Наградата за храброст е и екипата на Н1 ТВ од Србија

На овогодинешнава церемонија на „Репортери без граници“ во Париз, кој одбележува 40 години работа на организацијата, ќе бидат доделени меѓународни награди за слобода на медиумите во пет категории, вклучувајќи ја и една од најпрестижните – Наградата за храброст.

За оваа награда беа номинирани следните новинари: Атијана Серж Оулон од Буркина Фасо, Севињ Вагифгизи од Азербејџан, Френчи Ме Кумпио од Филипините, Анџелика Каркамо од Ел Салвадор, Нор Свирки од Палестина и екипата на телевизискиот канал Н1 ТВ (Србија). 
Во бразложението е наведено за Н1 ТВ дека, „претставуваат пример за новинарска храброст во Србија“.

Зачлени се на нашиот е-билтен