Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Додик ја најави кандидатурата за претседател на Република Српска

 Република Српска сака пријателски односи со сите, изјави денеска претседателот на СНСД, Милорад Додик и најави кандидатура за следниот мандат за претседател на Српска.

Додик на седницата на Главниот одбор на партијата во Српач рече дека СНСД има историска одговорност и дека нема да се крие од разни закани.

-Целиот мој живот го посветив на борбата за Република Српска. Завршив на суд затоа што бев непослушен. Нема да заминам од овде, ќе останам овде и подготвен сум да се жртвувам за Република Српска како човек и политичар, изјави Додик.

Тој посочи дека на овие простори никогаш повеќе нема да се појави партија толку силна како СНСД и дека оваа партија треба да се прилагоди на луѓето на терен.

Според него, раководството на Република Српска донело одлука за формирање државна банка преку која ќе се реализираат одредени интереси на Република Српска.

На седницата на ГО на СНСД беа избрани потпретседателите и генералниот секретар, како и претседателството на партијата.
Беа избрани и пет потпретседатели на партијата и тоа: заменик-претседател задолжен за меѓународни односи Жељка Цвијановиќ, потпретседател задолжен за соработка со институциите на Република Српска Радован Вишковиќ, потпретседател задолжен за соработка со институциите на заедничко ниво Сања Вулиќ, потпретседател задолжен за соработка со локалните заедници и невладини организации, Мирослав Бојиќ и потпретседател задолжен за соработка со јавните претпријатија, Лука Петровиќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен